HomeАктуелноПриведен 23-годишник – возел со неверојатни 2,62 промили алкохол во крвта

Приведен 23-годишник – возел со неверојатни 2,62 промили алкохол во крвта

Ноќеска во 02:15 часот на регионален пат во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На истиот пат, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и М.М.(35) од Куманово. Тој бил запрен со патничко моторно возило „пежо” и му биле измерени 2.62 промили алкохол во крвта.

Исто така, на 27.09.2025 на улица „Ѓорче Петров” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и Г.К. (59). Тој бил запрен со патничко моторно возило „цитроен” и му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од полицијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.