HomeАктуелноПриведен 39-годишен охриѓанец поради сомнение за кражба во демирхисарско село

Приведен 39-годишен охриѓанец поради сомнение за кражба во демирхисарско село

Приведен е 39-годишник од охридското село Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово, вчера во 11 часот во селото Слепче, демирхисарско, го лишиле од слобода 39 годишникот од село Велгошти, охридско. Тој се сомничи дека ден претходно, во периодот од девет до 16 часот, со употреба на сила и подесен алат, влегол во куќата на 81-годишното лице од село Слепче и одзел пари, се појаснува во соопштението.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.