18 санкционирани возачи при спроведени засилени сообраќајни контроли на 13.03.2022 година од страна на СВР Охрид.
Полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 18 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената. Од нив 7-надвор од населено место, а 11-во населено место, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, додава Димоски.