HomeАктуелноПрогласена вонредна состојба во Австралија

Прогласена вонредна состојба во Австралија

Австралија денеска прогласи национална вонредна состојба, по разорните поплави долж источниот брег, а одреди и зони на катастрофа во градови, затрупани од надојдените реки, јавија британски медиуми.

Австралија станува сè полоша земја за живот поради овие природни катастрофи, изјави премиерот Скот Морисон, по обиколка на тешко погодени области.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Стапувањето на сила на Декларацијата за вонредна состојба, донесена по големите пожари во 2019 година, ќе помогне да се намали бирократијата и да се забрза процесот на давање помош, додека медиумите пишуваат дека има се повеќе критики поради бавното реагирање на австралиските власти на поплавите, што зедоа, најмалку, 21 жртва.

Официјално беше наведено дека воените лица, кои се распоредени на области за да помогнат во чистењето, ќе бидат повеќе од удвоени на четири илјади./МИА

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.