HomeМАКЕДОНИЈАПродолжува брзото возење низ македонските патишта, санкционирани 224 возачи.

Продолжува брзото возење низ македонските патишта, санкционирани 224 возачи.

224 санкции за брзо возење, во текот на вчерашниот ден (30.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. – стои во соопштението од МВР.
Извор: министерство за внатрешни работи.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

leave a comment