Продолжува трендот на намалување на бројот и на процентот на новозаразени од КОВИД-19. Паѓа и бројот на активни случаи кој изнесува 2091, од кои половината се во Скопје.
По главниот град најмногу активни има во Прилеп 148, во Битола 135 и во Велес 101, додека во другите градови нивниот број е под сто. Без ниту еден случај се Дојран и Пехчево.
Во изминатото деноноќие, според статистиката на Институтот за јавно здравје, од направени 1.996 тестови, регистрирани се 198 позитивни на Ковид-19, или 9,9 отсто.
Ние како Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани. Според новата методологија која се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките, истакна Сали.
Од почетокот на пандемијата, бројот на ковид-позитивни во земјава изнесува 301 491, на оздравени е 290 254, а починаа 9 146 лица. Направени се вкупно 1.922.182 тестирања на Ковид-19.