Празниците и топлото време со температура од 14 степени, некарактеристична за јануари, го раздвижија Охрид како во шпиц на сезона. Шеталиштата и центарот на градот попладнево вриеја од народ.
Охриѓани и гостите кои ги има од сите краеви на земјава и регионот, ги исполнија кафетериите и рестораните, а голем дел од нив уживаа под јануарското сонце во продолжената новогодишна програма на градскиот плоштад организирана од општината, каде денеска настапија чуварите на традицијата „Ансамбл Билјана“, на кои им се придружи гостинката Минела Обрадовиќ.
Трети јануари е првиот работен дел од првата работна недела, во кој не очекува сончево и пријатно време, со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 12 степени, информира УХМР.