HomeАктуелноПронајдени безживотно тело кај познат хотелски комплекс и претседателската вила вo Охрид

Пронајдени безживотно тело кај познат хотелски комплекс и претседателската вила вo Охрид

Пронајдено безживотно тело кај хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вечерва околу 19:50 часот, кај рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Фотографии испратени до редакцијата на Охрид прес, го прикажуваат местото на настанот опколено со полициски ленти, додека форензичарите собираат траги.

Засега не се соопштуваат информации за идентитетот на починатото лице, ниту за околностите под кои е пронајдено. Од СВР Охрид информираат дека дополнителни детали ќе бидат објавени утре, по завршување на увидот и добиени насоки од надлежното Обвинителство.

Настанот ја вознемири јавноста, особено поради чувствителната локација каде што е пронајденото телото – во близина на државен објект од висок безбедносен интерес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.