HomeАктуелноПронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега

Во СВР Охрид синоќа во 22.40 часот е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По преземените мерки, соопштија денеска од МВР, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај  возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.

По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.