
Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.
Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот, вели премиерот.
Кажа дека во понеделник има една точка на дневен ред којашто се однесува до минималната плата.
Инаку, премиерот вети дека Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа.