HomeАктуелноРАМА ЗАСТАНА ЗАД ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ: „Потребата е апсолутно јасна“

РАМА ЗАСТАНА ЗАД ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ: „Потребата е апсолутно јасна“

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема причина во моментов да има несогласување со Бугарија околу прашањето за внесувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), Рама директно ја поддржа позицијата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав, оценувајќи дека тоа произлегува од договорот постигнат со француско посредување.

На прашањето дали денес гледа причина за несогласување со бугарското раководство, Рама посочил дека ситуацијата е поинаква од онаа пред постигнувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија.

Според него, потребата од внесување на бугарското малцинство во Уставот е јасна, бидејќи, како што наведува, тоа е резултат на договорот меѓу двете земји.

Оваа изјава доаѓа во момент кога прашањето за уставните измени повторно е во центарот на политичките разговори во Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера порача дека Македонија е подготвена за разговори со Софија, но бара извесност дека евентуалното исполнување на ова барање нема да биде проследено со нови условувања на европскиот пат.

Владата предводена од Христијан Мицкоски досега инсистира дека нема да се пристапи кон уставни измени без гаранции дека по нив нема да следуваат нови билатерални блокади.

Прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот е дел од договорениот европски пакет од 2022 година и останува еден од клучните услови за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата.

Изјавата на Рама отвора и дополнително политичко прашање во регионот – дали неговата позиција ќе влијае врз ставовите на албанските политички партии во Македонија и врз дебатата за уставните измени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.