HomeАктуелно„Рамо до рамо“ со граѓаните на Охрид: Коридорите 8 и 10 Д носат раст на БДП од два отсто годишно

„Рамо до рамо“ со граѓаните на Охрид: Коридорите 8 и 10 Д носат раст на БДП од два отсто годишно

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вчера беше меѓу граѓаните на Охрид со кои разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема изминатиот период.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Освен подобро поврзување на овој дел од државата изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Станува збор за највисоката инвестиција од 1,3 милијарди евра со која ќе се отворат нови 8.000 работни места, а проектот ќе донесе и раст од 2 отсто годишно на БДП, порача Битиќи додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа за Договорот со Бехтел и Енка.

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ вчера беше и меѓу граѓаните на општиниште Ранковце, Кратово и Радовиш.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.