HomeАктуелноРасте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати

Расте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бројот за загинати работници во експлозијата во рудник во Турција постојано се зголемува. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека досега се загинати најмалку 40 работници.

„Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, од кои шест во градските болници Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца се во приватни болници. Едно повредено лице е пуштено од болница“,рече Сојлу, кој беше на местото на несреќата.

Сојлу додаде дека 58 рудари се спасени од вкупно 110.

„Неизвесно е што се случува со еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“,додаде Сојлу.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“.

На првите слики што ги објавија турските медиуми од влезот во рудникот се спасувачки и медицински екипи, како и членови на семејствата на затрупаните рудари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.