HomeАктуелноРасчистена тешка кражба во Битола, приведени три лица, одземеното вратено на сопствениците

Расчистена тешка кражба во Битола, приведени три лица, одземеното вратено на сопствениците

На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Битола, при што
одзеле повеќе предмети.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.