HomeАктуелноРасчистени три кражби на возила во Прилеп, приведен сторителот, ги признал делата

Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведен сторителот, ги признал делата

Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на  14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило.

По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.