Цените на лебот во земјите од ЕУ пораснале во просек за 18%, само минатиот месец. Ова е најголемо зголемување кое го објавува Евростат, од почетокот на своето постоење од 2017-та година.
Во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапел во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).
Македонија има најскап леб вo регионот.
Минатата година ова време се продавал за 25 денари, сега чини над 50 денари. Според податоците за јули, во Македонија лебот чинел 0.81 евро, што е речи си двојно повеќе од Србија каде се продавал за 0,42 евра.
