HomeАктуелноРКЕ: Цените на горивата остануваат исти, поскапува Екстра лесното масло за домаќинство

РКЕ: Цените на горивата остануваат исти, поскапува Екстра лесното масло за домаќинство

Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со тоа, од полноќ, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 останува со цена од 79 денари за литар, Еуросупер БС-98 со цена од 81 денар за литар и дизелот со цена од 77 денари за литар. Останува иста и цената на мазутот – 52,354 денари за литар.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.