HomeАктуелноРоднинска кавга во Велес: 66-годишник со нож му се заканувал на внукот

Роднинска кавга во Велес: 66-годишник со нож му се заканувал на внукот

66-годишник со нож му се заканувал на внукот.

На 13.03.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Р.(66) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. Во семејната куќа во Велес, С.Р., по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес, велат од МВР.

С.Р. е приведен во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.