Руската православна црква со духовна стратегија против „опседнатоста со страста кон компјутерите“.
Црквата осмисли 39 нови молитви кон луѓето кои се опседнати кон вирутелните свет и зависоноста од новата технололгија.
Иницијативата беше поднесена кон крајот на минатата година до синодско-литургиската комисија – врховниот управен орган на РПЦ. Меѓу повеќето предлози се молитви за успешни операции, полагање испит, почнување со студии, па дури и за барање работа. Доколку комисијата ги одобри предлозите, молитвите ќе станат дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви. И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година. Сепак, според сзо, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството.