HomeАктуелноСанкционирани пешаци на територијата на СВР Охрид

Санкционирани пешаци на територијата на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло… Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола..За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР и апелират до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.