HomeАктуелноСВР Билтен: Нелегална сеча заврши во рацете на полицијата, кривична за узурпација на плажа

СВР Билтен: Нелегална сеча заврши во рацете на полицијата, кривична за узурпација на плажа

Синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов“ затекнале растовар на дабово огревно дрво од товарно возило со охридски регистарски ознаки, сопственост на 34-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебарца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што, илегално се транспортирани и доставени до 44-годишен охриѓанец. Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна постапка по што, ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во текот на ноќта на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-06).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. – соопшти Димовски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица и фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениоте лица, како сопственици на правниот субјект, во периодот од 16.07.2022 до 31.08.2022 година, закупиле објект лоциран на крајбрежјето на Охридското Езеро а потоа пред објектот, зазеле туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот за општа употреба-плажа. Тука, противправно поставиле 120 лежалки и 50 чадори за сонце, за чие користење вршеле наплата. – истакна портпаролот Димовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.