На 02.07.2022 година во 02,50 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, приведени се Р.Р.(21) од струшкото село Теферич и И.Р.(48) од Струга. Тие се однесувале агресивно кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај нив, пронајдоа и одзедоа два ножеви и еден метален пендрек. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски информира дела на 03.07.2022 година околу 04 часот, по случена сообраќајна незгода на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу А.С.(31) од струшкото село Велешта и М.К.(20) од Струга. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
На 02-07-2022 година околу 03 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.Б. од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал 17 годишна девојка од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: Билтен на СВР Охрид
