HomeАктуелноСДСМ: Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога

СДСМ: Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога

Соопштение за јавност

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога.

Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога.

Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.

Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога.

Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.

Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.