Данела Арсовска преку соопштение од Град Скопје денеска призна дека во буџетот нема пари за набавка на нови автобуси.
Ако во градската каса нема пари за нови автобуси, тогаш што договара асистентот за јавни набавки, Христијан Мицкоски?
Дали тоа Мицкоски планира да го направи како што го направија Миле Јанакиески и Игор Јанушев за набавката на кинеските автобуси. Тогаш, Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од друга фирма, која била за неколку милиони евра пониска.
Надлежните институции мора да постапат и да спречат нова коруптивна зделка на штета на граѓаните.
извор: Соопштение за јавност на СДСМ