HomeАктуелноСело Вапила со богата музичка програма се подготвува за големиот христијански празник

Село Вапила со богата музичка програма се подготвува за големиот христијански празник

Селото Вапила се подготвува со богата програма во пресрет Големиот христијански празник, Света Недела.

Селото ја продолжува својата традиција со чествување на селската слава на Црквата Света Недела.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Драги Вапилчани, иселеници и пријатели на нашето село, со голема радост Ве поканува да бидете дел од свечената прослава по повод големиот христијански празник „Света Недела“, што ќе се одржи на 20 јули 2025 година во село Вапила со почеток во 20:30 часот. Овој значаен ден е повод повторно да се собереме, да ја славиме верата, традицијата  и припадноста кон нашето родно огниште, повикуваат од Организацискиот одбор на село Вапила.
Прославата ќе биде збогатена со богата културно-уметничка програма, во која ќе настапат:
Музичката група „Магнум“ од Битола
Познатата фолк-пејачка Татијана Стефановска
КУД „Гердан“ со традиционални македонски ора и песни;
Да ја зачуваме традицијата и да создадеме заедно нови спомени, со радост и гордост.
Нека празникот ја исполни Вапила со песна, игра и топлина.
Повеќе за село Вапила:
На оддалеченост од 10 км северо-западно од Охрид се наоѓа селото Вапила, кое e едно од најживописните места во регионот. Селото Вапила се наоѓа во Охридско, во северниот дел на територијата на Општина Охрид, од десната страна на Коселска река.  Селото е ридско, на надморска височина од 960 метри. Oддалечено 12 километри од градот Охрид. Куќите на ова мало село се распослани во долината на малата река Вапилица, десна притока на Коселска Река.
powerinfo.mk
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.