Денеска околу 08.30 часот во тетовско Селце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка Н.Д.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина.
По наредба на Јавен обвинител телотo на Н.Д. e предадено за обдукција.
Во текот на денот осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
