HomeАктуелноСензација на СП, Саудиска Арабија ја победи Аргентина

Сензација на СП, Саудиска Арабија ја победи Аргентина

Третиот натпреварувачки ден на фудбалскиот Мундијал во Катар го донесе првото големо изненадување. Саудиска Арабија ја победи Аргентина која беше вбројувана помеѓу најголемите фаворити за трофејот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Иако Аргентинците преку Лионел Меси први дојдоа во водство по само 10 минути игра, аутсајдерот направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Ал Шери во 48-та и Ал Dавашари пет минути подоцна.

При резултат 1:0 за Аргентина „гаучосите” постигнаа уште три гола, но сите беа поништени поради „офсајд”.

Денес на распоредот на Светското првенство се уште три натпревари. Од групата Ц ќе играат Полска и Мексико (17 часот).

Од 14 часот играат Данска – Тунис, а од 20 часот Франциај – Австралија во 1.коло од Д-групата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.