HomeАктуелноСе почеста станува злоупотребата на лажна платежна картичка, уште една кривична пријава

Се почеста станува злоупотребата на лажна платежна картичка, уште една кривична пријава

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на 2021 и 2022 година пријавениот обезбедил банкарски податоци од платежна картичка, сопственост на лице од Скопје, по што ги употребил за вршење на 13 неовластени транскации за купување/ плаќање на разни услуги во вкупна вредност од 18.377 денари и за тој износ го оштетил  сопственикот на платежната картичка, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.