HomeАктуелноСе уредува уште една пешачка патека во стариот дел на градот

Се уредува уште една пешачка патека во стариот дел на градот

Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ОУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта, информира градоначалникот Кирил Пецаков на фејсбук профилот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поплочувањето се врши со камени плочки автентични за стариот дел на градот. Должината на патеката е 45 метри. После завршувањето на активностите Охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во стариот дел од градот, стои во објавата.

Активностите, се додава во објавата, се во рамки на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид.

Вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.