Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Соочени со фактот дека нивните градоначалници се големо разочарување и дека ништо не прават за интересите на граѓаните постојано сме сведоци на едни исти предлози коишто доаѓаат од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот став е јасен, концизен и точен. Нашиот став е дека за сите овие прашања треба да има дебата и врз призма на сериозен консензус од сите политички партии да ја донесеме одлуката за сите овие прашања и сите овие прашања треба да се решат во периодот што следи, но за сето тоа имаме две и пол години, две и пол години до одржувањето на парламентарните редовни избори со којшто сите овие прашања треба сериозно да се аргументираат и врз база на сето тоа да се донесе еден заклучок и општ консензус и да се решат работите.
Во делот на изборите ние како политичка партија имаме јасен став околу сето тоа, изборите ќе бидат редовни и ќе се случат 2024 година, тие ќе бидат редовни парламентарни избори, а сега како одговорна политичка партија којашто работи за интересите на граѓаните силно сме фокусирани за решавање и намалување на последиците којшто доаѓаат и од енергетската криза и од здравствената криза и сето тоа е важно и граѓаните да го знаат дека сме силно насочени кон решавањето и помагањето од последиците коишто доаѓаат од овие кризи.
Граѓаните да бидат спокојни, знаат дека имаат партнер, политичка партија која што е дел од власта, која што ја предводи власта, која што силно ги решава и се грижи за проблемите на граѓаните.
Извор:СДСМ