Во тек е седница на Синодот на МПЦ ОА, на која се разговара за деталите од преговорите со СПЦ, по средбата која ја одржаа минатата недела во Ниш. Владиците ќе разговараат и за последната одлука на Вселенската Патријаршија дека ја признава нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска.
Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски дојде на кратка координативна средба со Поглаварот на МПЦ ОА г.г Стефан, но по средбата не сакаше да открие за што разговарале.
