HomeАктуелноСиноптичарите со нова прогноза – Еве какво време ќе имаме

Синоптичарите со нова прогноза – Еве какво време ќе имаме

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе услови појава на сосема слаб и локален дожд. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Повеќе сонце  и многу послаб ветер ќе имаме во недела (12 октомври).

И во Скопје  и околината особено утре (сабота 11 октомври) повремено ќе дува засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен во текот на утрешниот ден а во недела на 12 октомври максималните дневни температури во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 18 степени утре а во недела на 12 октомври максималната температура во Скопје  и околината ќе се искачи до околу 21 степен.

Извор: Метео Алар (Славчо Попоски)

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.