HomeАктуелноСите се грижите како ќе се надоместеле изгубените часови – А што паметно ќе научат учениците од вакви учебници?

Сите се грижите како ќе се надоместеле изгубените часови – А што паметно ќе научат учениците од вакви учебници?

Бројни апсурдни и нелогични грешки содржи новиот учебник по Историја и општество од кој учат петооделенците во основните училишта во Македонија. Примерите на грешките се шират по социјалните мрежи на кои граѓаните укажуваат дека грешките треба што побрзо да се исправат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Така, во овој учебник, кој Министерството за образование го издало на 3 ноември а претходно бил одобрен од Национална комисија за учебници, може да се најдат целосно погрешни податоци. Во него, на пример, е наведено дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а дека Мртвото море се наоѓа на цели 1.400 метри под нивото на земјата!? Во учебникот, кој деновиве се дистрибуираше до учениците, се „открива“ и дека источен сосед на Република Северна Македонија е Албанија, а западен сосед е Бугарија…

Вака изнесените податоци се целосно невистинити. Во коментарите на граѓаните се наведува дека најверојатно се работи за технички грешки но кои се недозволиви.

Монт Еверест навистина е висок 29.305, ама не метри, туку стапки. Онојкој преведувал и кој го уредувал изданието не виделе дека станува збор за друга мерна единица – стапка. Ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8.849 метри. Најниската точка во Мртвото Море е 427 метри под нула надморска височина, се укажува во коментарите.

Автори на учебникот се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, има дури тројца рецензенти, Беса Хавзиу – Исламили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска, а стручна реакција и уредник е Орданка Мицкова. Од надлежните органи, од Министерството за образование и од Национална комисија за учебници денеска не се јавија со коментар за тоа за какви грешки станува збор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.