HomeАктуелноСнегот доаѓа во Македонија – Познато кога!

Снегот доаѓа во Македонија – Познато кога!

Од вторник попладне (23 декември) во Македонија и тоа по подолгиот период на стабилно, суво и натпросечно топло време за декември со максимални дневни температури кои беа над просекот следува поголема промена на временската состојба. Ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот па така во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет, прогнозата е спроведена од еден од најдобрите метео-прогнозери во Македонија, Славчо Попоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во исто време ќе бидеме под влијание и на поладен воздух од север па така на планините над 1300/1400 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег па така очекувам почеток на формирање на снежна покривка.

И во Скопје  и околината од вторник попладне (23 декември) следува промена на временската состојба со зголемена облачност  и со појава на повремен локален дожд. На околните планини повремено ќе врне снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 7  и 9 степени.  Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.