HomeАктуелноСончево и посвежо денес, од сабота следува топлотен бран

Сончево и посвежо денес, од сабота следува топлотен бран

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.