HomeАктуелноСообраќајот приоритет за МВР, само во еден град санкционирани 154 возачи

Сообраќајот приоритет за МВР, само во еден град санкционирани 154 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.