ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 07:00 часот на ден 10.03.2022 година, Регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман , на потегот од с. П’ клиште до село Герман,Општина Ранковце е непрооден за сите видови на моторни возила, поради снежна покривка.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.
РАБОТИ НА ПАТ:
Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај со број 11-уп-7/4 од 01.03.2022 година, издадено од Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека поради изведување на санациони работи од 07.03.2022 година, мостот на река Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај.
”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, пред Граничниот Премин “Блаце” од 15.02.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
ВИАДУКТ ТРЕЈД известува дека од 07.02.2022 па се до 19.02.2022 ќе се изведуваат грaдежни активности – на дел од државен пат А2 на потег од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково на седум локации, поставување на видео надзор на дел од клучките каде ќе имаме затварање на една сообраќајна лента (брза лента) во период од 2 часа за секоја клучка, а во времетраење од 10 работни дена. Градежните активности ќе бидат изведувани од страна на „Итек Системс“ – Гевгелија.
СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип – Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена брзина од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.
СТРАБАГ АГ известува за времена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 делница Велес – Неготино, за изградба на клучка Градско како дел од автопатот А1. Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лента и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон г. п. Богородица и во правец на г. п. Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци.
ДГТ Жикол гизвестува дека поради изградба на наплатните станици на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.
ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница: Куманово – Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85.
ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци). На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој.
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
ГД Гранит врши рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Се изведува делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите се одвива по една сообраќајна лента.
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).
АМСМ