Машката репрезентација на Македонија слави со 27-25 против Чешка во реванш средбата од баражот и обезбеди место по осми пат на Мундијал. Иако нашите ракометари имаа контрола во текот на мечот, водеа во повеќе наврати со три и четири гола разлика, сепак на крајот имаше драма. Кузмановски со голот од пенал на Кузмановски на 13 секунди до крајот донесе победа за Македонија и пласман на СП.
Отворивме со гол и водство, но Мрква и Клима брзо донесоа пресврт и прво водство на Чесите. Никола Митревски со три одбрани во првите пет минути не дозволи нашите противници да се одлепат. Нашата феноменална одбрана пет напади ги сопре ривалите и со серија 5-0 поведе со 7-4. Талески од позиционен напад, Пешевски од линијата и младиот Петар Атанасијевиќ со првенецот во репрезентацијата ни донесе највисока предност.
Нашата игра фати одличен ритам на двата дела од теренот. Митревски се разбрани, а на половина полувреме Лазаров се запиша меѓу стрелците за 8-5 и минута одмор за Сабате. Следеа голови на Бабак и Хрстка и Чесите веднаш се доближија на -1. Следеа минути на Миркуловски, кој изнуди седмерец и исклучување, а потоа погоди за 9-7. Ветераните Лазаров и Миркуловски ги презедоа работите во свои раце, па и покрај исклучувањето на Стоилов, Македонија поведе со 13-10 во 25. минута. Настапија „црни“ минути за нашиот национален тим, Младеновиќ беше исклучен, а по грешката на Стоилов, Чесите намалија на 13-12. Во хаотичен финиш Кузмановски единствен погоди во последните три минути и македонската селекција на одмор замина со 14-12.
Вториот дел почна со исклучување на Филип Талески, но со головите на Јагуриновски и двапати Кузмановски пак Македонија дојде до највисоките +3. За секој гол мораа да се намачат двете селекции, а дистанцата од 2-3 разлика постојано беше присутна. Нашиот „бомбардер“ Кузмановски ефектно го постигна својот шести гол, а Пешевски првпат зголеми на +4 во 41. минута. Сабате почувствува дека Чешка го губи чекорот и повика минута одмор. Нашиот ривал се врати во натпреварот, имаше и зицер на 20-18, но Митревски чудесно одбрани и ја подигна селекцијата.
Следеше „бомба“ на Талески за +2 на две минути до крајот. Сепак, Бабак брзо реализираше за 26-25 на деведесет секунди до крајот. Јагуриновски изнуди седмерец на петнаесеттина секунди до крајот, а Кузмановски погоди за 27-25 и пласман на Светското првенство следната зима.
