Почитувани граѓани,
Во свое лично име и во име на МВР ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желби за добро здравје, радост и благосостојба.
Во чест на крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, денеска сведочиме за една од темелните свети тајни на црквата – крштевањето, како духовно раѓање, како почеток на човековото живеење во верата. А духовното раѓање е можно само со чистата искрена вера во Бога, во Божјата љубов. Овој голем христијански празник е уште еден потсетник на христијанските вредности по кои треба да се водиме – добрина, разбирање, проштевање, хуманост и љубов.
Токму тоа е благородната поука – нека водите Богојавленски прочистат сѐ, нека обноват сѐ и со чиста мисла, искрена љубов и силна вера да се обединиме во општохуманите вредности за меѓусебна почит и подадена рака. Новиот почеток да тргне од нас самите.
Со Великиот водосвет, Господ нека благослови со љубов, вера и утеха, нека ни даде сила несебично да одговориме на нашите обврски за добросостојба, хармонија, мир и просперитет во државата во којашто сите живееме, а нашите граѓани да бидат благословени со благодатни дарови на здравје, спокој и разбирање.
За многу години празникот Богојавление – Водици!
Бог се јави! –напиша на својот фб профил Министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски.