ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати, информираше поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување, напиша Филипче.
Неодомна за прв пат во болницата беше извршена една од најважните и најтешките ортопедски хирушки интервенции, имплантација на протеза на рамо, со што се прошири спектарот на интервенции.