HomeАктуелноСпроведена зајакната акциска контрола, еве колку изминатата вечер санкционира СВР Охрид

Спроведена зајакната акциска контрола, еве колку изминатата вечер санкционира СВР Охрид

Во текот на вчерашната вечер (08./09.03.2022) во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

Санкционирани се 65 возачи, од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола…информираат од МВР.

Засилените акциски контроли, велат, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.