Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека земјата во четврток ќе го прекине извозот на нафта, пченица, пченка и брашно, а тамошната Влада подготвила уредба за увозот на енергенси.
Вучиќ за ТВ Б92 изјави дека Србија ќе има доволно масло, пченица, пченка и брашно за себе и за регионот.
Тој рече и дека Владата на Србија подготвила одлука за ослободување од царина за увозот на енергенси „од трети земји“.
Тоа ќе се однесува на нафта од трети земји, доколку увеземе, рече Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека во ЕУ има различни ставови за санкциите за гасот и нафтата и дека ЕУ обезбедува 40 отсто од потребите за гас и 30 отсто од потребите за нафта се од Русија.
За нас, ако го забранат увозот на сите енергенси од територијата на Русија, тоа значи дека сме во неволја, бидејќи немаме од каде, а гасот и нафтата не можат да паѓаат од небо, рече тој.
Вучиќ додаде и дека е подготвена одлука за субвенционирање на горивото за земјоделците на бензинските пумпи на НИС во следниот месец и половина.