HomeАктуелноСтадионот во Битола подготвен за голем дуел Македонија – Италија

Стадионот во Битола подготвен за голем дуел Македонија – Италија

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби официјална потврда од УЕФА и на 9. септември ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за Европското првенство, во кој репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе се соочи со селекцијата на Италија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси 40-на денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни подобрувања и современ изглед.

Поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор.

Дополнително, теренот е обновен со механизација и лица ангажирани од федерацијата, со што е обезбедена максимална подготвеност за претстојниот натпревар.

Со вложувањата и направените интервенции стадионот „Петар Милошевски“ ги исполнува европските стандарди и станува домаќин на натпревари од високо ниво. Ова претставува значаен чекор за развојот на инфраструктура и за афирмација на фудбалот во Битола и регионот.

Вложувањата се дел од јасната стратегија на раководството на ФФМ за модернизација на стадионите низ државата.

Она што првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ го вети, подобрување на условите и враќање на фудбалот во Битола, денес е реалност и силна потврда дека македонскиот фудбал се движи во вистинска насока.

Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ:

„Успехот во Битола е пример за сите. Благодарение на посветената работа со градоначалникот Коњановски и неговиот тим во општината, за кратко време го доведовме стадионот ‘Петар Милошевски’ до нови стандарди, што УЕФА и самата го потврди. Ова претставува најдобар доказ дека кога заеднички се работи, резултатите се гледаат.

Следна наша фаза е да го поддржиме процесот на реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, со што продолжуваме да ја исполнуваме нашата стратегија за подобрување на фудбалската инфраструктура низ целата држава.“

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.