Столе Стоилов настапи во дресот на Македонија против Словенија (27-25) и дојде до рекорд – стана играч со најмногу настапи во „црвено-жолтата“ опрема на Европските првенства. Но, кружниот напаѓач кој дојде до бројката од 29 меча не успеа да се израдува на победата.
„Мислам дека Словенија не играше како што планираше. Ние ги натеравме така да играат и често да грешат. Бевме неискусни во некои ситуации. Штета бидејќи можевме да освоиме еден бод. Кога разбравме дека останавме без Кире во тимот за нас беше изненадување. Но, тој не играше на пријателските натпревар и вечерва видовме дека можеме без него. Најважно е што видовме дека можеме да играме и поинаку и да функционираме без Кире на теренот. Во вистински правец се движиме, само треба да ги намалиме грешките“, изјави Стоилов.
Македонија првпат загуби на еден натпревар од Европско првенство против словенечките ракометари. По победите во Белград и Загреб, нашиот ракометари загубија во Дебрецин од Словенците и по петти пат се поразени на деби на континентален собир, Следен предизвик за избраниците на Лазаров ќе биде натпревар против Црна Гора (15 јануари, 18.00).