HomeАктуелноСТРАШНО: Три месеци злоставувал петгодишно девојче и му се заканувал да молчи

СТРАШНО: Три месеци злоставувал петгодишно девојче и му се заканувал да молчи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 23-годишен жител на скопското село Волково, кој според ОЈО со месеци сексуално злоставувал петгодишно девојче.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според обезбедените докази, обвинетиот извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Злоставувањето траело од мај до јули во домот на обвинетиот, кој го принудувал петгодишното девојче на полови дејствија и му се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко, пишува во соопштението од Обвинителството.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.