Традиционалната Струшка Литија, позната и како Струшка Еордија, се одржува секоја година на 7 мај во Струга, во чест на Свети Георгиј Победоносец. Овој настан, кој датира од 1835 година, претставува едно од најзначајните духовни и културни случувања во регионот.
Литијата започна со вечерна богослужба во 16:00 часот во црквата „Свети Георгиј“ во Струга. По службата, околу 17:00 часот, започнува молитвената поворка низ градските улици, вклучувајќи го кејот на реката Црн Дрим и Чаршијата, по што се враќа во црквата .




Што ја прави Литијата посебна?
- Се носат моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец, како и Крнинската чудотворна икона на Богородица од манастирот Пречиста кај Кичево .
- Поворката ја предводи полициско возило, следено од коњаник со палмова гранка, симбол на мирот.
- Учествуваат свештенството и монаштвото од Бигорскиот манастир, манастирите во Рајчица и Пречиста, како и бројни верници од земјата и дијаспората .





Подготвил: Е.Р
фото+видео – powerinfo.mk
