На 16.08.2023 во 03.25 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска” во Охрид, К.Н. од Охрид физички го нападнал К.Б.(21) од Охрид, при што употребил и остар предмет.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
