HomeАктуелноТешка несреќа во Охрид: 20-годишен мотоциклист изгуби контрола – сопатникот со тешки повреди, двајцата пијани

Тешка несреќа во Охрид: 20-годишен мотоциклист изгуби контрола – сопатникот со тешки повреди, двајцата пијани

На 21.09.2025 во 02 часот, на улицата „7 Ноември” во Охрид, 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај Б.П. се утврдени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.