HomeАктуелноТешка сообраќајка на патот Кичево–Охрид: Повредени шестмина

Тешка сообраќајка на патот Кичево–Охрид: Повредени шестмина

На 21.04.2025 во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. Во несреќата, возачот на возило „киа” и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода” и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.