На 01.09.2022 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(55) од Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ц.(21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од Скопје.
Во незгодата, М.А.и Ј.Ц. се здобиле со повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
